уторак, 22. мај 2012.

   ДРАГЕ ВОЈНОСКИ - мајстор на својот занает



Беше мајстор на својот зананет. Неговите вредни и неуморни раце едноставно како да се поигруваа со примитивните алатки со кои изработуваше предмети од дрво и метал до совршенство. 

Секое негово дело или изработен предмет беше уникатен и многу тешко можеше да се разликува од фабричкиот односно оригиналот. Иако неговата основна дејност беше столарскиот занает, тој многу успешно ги обавуваше работите речиси од сите други занаети. Со еден збор , тоа беше Драгомир Војноски – Драге, надалеку познатиот универзален мајстор од село Пожаране.  
  
                                                     
Драгомир Војноски-Драге
 Роден е далечната 1924 година во ова село, како второ дете на Воин и Драга Војноски. Во екот на својата младост останува без еден родител, така што грижата за неговото шесточлено семејство паѓа врз него и неговата мајка. Подоцна, кога сестрата Горица ќе ја омажи a браќата Светозар, Томе и Лазар оформат семејства, својот живот ќе продолжи да го живее во семејна заедница со наjмалиот брат Лазар,  се до 1971 година кога брат му Лазар ќе се пресели во Гостивар а стариот и неуморен мајстор, несакајќи да го напушти своетото родно огниште и понатака со  семејството ќе продолжи да живее во семејната куќа во село Пожаране-..                                         
Семејната куќа на мајсторот
 Смртта ќе го затекне на 10.07.1996 година, во својата работилница покрај металната машина, изработувајќи дрвен прозор за потребите на мештанин од селото.

Мајстор Драге - како што го нарекуваа, целиот свој животен и работен век ќе го посвети на својот занает, неуморно работејќи во својата работилница и секогаш ставајќи се во служба на потребите и барањата не само на мештаните од ова село туку и многу пошироко.. Кај него доваѓаа  и бараа услуги жители  и од околнуите места кои гравитираат во сегашната општина Врашчиште и тоа: Галате, Ново Село, Топлица, Дебреше, Ѓурѓевиште, Врањовце, Калиште, Градец, Неготино, па и пошироко од поблиските градови: Гостивар, Тетово, Скопје.
 Многу ретко, во овие места и тоа време можеше да се стретне човек кој не го познаваше овој мајстор. Впрочем, најчесто од него  бараа услуги сите оние кој што своите потреби неможеле или многу тешко и со успех можеле да ги завршат на дрги места.. Со еден збор кажано-тој беше нивната едниствена и последна надеж.
Столарската работилница на мајсторот
Основниот материјал за работа му беше дрвото и железото. Истото го преработуваше на тешката металната машина кој што тој самиот ја имаше конструирано и направено, изработувајќи од него финален производ изразен во дршки за разновиден алат за работа како и самиот алат ( лопати, мотики, секири, коси, српови, камеси и др.), буриња, бочви и каци, разбои за ткаење, бутињи,  врати и прозорци па се до разновиден мебел за домаќинството.

Но неговата мајсторска работа и креативност тука не застанува. Изработуваше разноразни предмети од метал со голема прецизност. 
Мошне добро ја познаваше  електриката и  електрониката, механиката,  градежништвото,  иноваторството, лимарскиот, калајџискиот,   браварскиот,   стакларскиот,  налбатскиот, ковачкиот,  самарџискиот, шустерскиот, шивачкиот,   копаничарскиот, каменорезарскиот, водоинсталатерскиот занает,  вршеше поправки на секакво оруже и изработуваше најсовршени кундаци за истите, едноставно речено имаше одлични познавање за се она што преставува одлика на еден  универзален мастор како што беше тој..

Во „Бучковци Маало“ непосредно до неговата семејна куќа, за потребите на домаќинствата, со сопствени раце и по иницијатива на тогашната месна заедница од село Пожаране, во 1968 година ќе изгради  селска чешма со која многу се гордееше.
Селска чешма-дело на мајстор Драге





                                                                                 
Работниот ден го започуваше рано наутро а завршуваше во приквечерината. Беше многу почитуван, друштвен и гостопримлив човек, но и вреден домаќин.
Како еден од неговите внуци-јас авторот на овој текст, од најраното детство постојано сакав да бидам во негова близина, да го гледам како работи и по нешто изучувам од него. Разговорите со него секогаш беа долги, премногу содржајни и интересни бидејќи имаше широки познавања од сите области на животот. 

Во слободното време често ми прикажуваше за минатото, но и ме подучуваше за се она што најверојатно сметаше дека ќе ми биде потребно за во иднина. Тој беше мојот втор родител, кому од длабока почит секогаш му се обраќав со „таткостар“ и поради што му го посветувам овој текст.

Мајстор Драге повеќе го нема на овој свет , но неговите дела кој што ги остави зад себе, вечно ќе потсетуваат на неговиот животен пат, лик и дело.


_________________
-Овој текст го посветувам на мојот стрико
- Боге Војноски- автор на текстот



Преостанати блогови за село Пожаране: